Ако Тотенхем го избрка Мурињо, ќе треба да му исплати 40 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, вчера се најде на удар на јавноста откако неговиот тим загуби и беше елиминиран од Динамо Загреб во Лигата на Европа, и покрај предноста од првиот меч од 2:0.

Веднаш тргнаа шпекулациите дека Мурињо ќе биде сменет, со оглед дека идната сезона Тотенхем нема да игра во ЛШ, затоа што заостанува многу од местата кои носат во „елитата“.

Меѓутоа Тотенхем нема така лесно да се „откачи“ од португалскиот стручњак кој при потпис на договорот вметнал клаузула која вели дека при евентуален отказ, треба да му бидат исплатени 40 милиони евра, пишуваат англиските медиуми.

Мурињо е тренер на Тотенхем од 20 ноември 2019 година, кога го замени Маурицио Покетино.