Актерот Џо Лара, најпознат по улогата на Тарзан, загина во авионска несреќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Џо Лара, актерот најпознат по улогата на Тарзан во телевизиската серија „Tarzan: The Epic Adventures“, загина во авионската несреќа во близина на американскиот град Нешвил на 59-годишна возраст, пишуваат американските медиуми.

Малиот приватен авион се срушил во саботата околу 11:00 часот по локално време, непосредно по полетувањето од Смирна, аеродромот во Тенеси за Палм Бич, Флорида, пренесуваат странските медиуми.

Авионот се спуштил во езерото Перси Прист, на околу 19 километри јужно од Нешвил.

Лара го играше Тарзан во телевизискиот филм „Tarzan in Manhattan“ во 1989 година. Подоцна глумеше во телевизиската серија „Tarzan: The Epic Adventures“, која траеше од 1996-1997 година.

Тој има глумено во вкупно 28 проекти, а потоа стана пејач и во 2009 година издаде албум.

Неговата сопруга Гвен Шамблин Лара, со која беше во брак од 2018 година, беше основач и водич на група за слабеење „Weigh Down Ministries“.

Таа ја основала групата во 1986 година, а потоа во 1999 година ја основала црквата „Remnant Fellowship Church“ во Брентвуд, Тенеси.