Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, и две лица вработени во општината, поради сомнение за несовесно работење во службата.
Според МВР, за време на неговиот мандат, поранешниот градоначалник не вршел соодветен надзор и, спротивно на Законот за градење, потпишал одобрение за градба на парцела во селото Мислешево. Двете вработени лица во секторот за урбанизам, според сомнежите, претходно го подготвиле одобрението на незаконски начин.
Според полицијата, одобрението било издадено врз основа на нецелосна документација и без идеен проект, спротивно на Законот за градење.
