Актерот Веби Ќерими добитник на Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамките на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, познатиот актер Веби Ќерими ја доби Наградата за животно дело, пренесува ТВ21.

Ова признание му беше доделено за неговиот долгогодишен и значаен придонес во театарската уметност, како еден од најистакнатите имиња на Албанскиот театар од Скопје.

Наградата претставува признание за неговата посветеност, ангажман и творештво на театарската сцена низ годините.