Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство од особено значење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скопскиот Аквадукт доби највисок степен на заштита на културно наследство од особено значење, соопшти министерската за култура Ирена Стефоска на својот профил на „Фејсбук“.

Оваа одлука ја донела Владата.

„Со Одлука на Владата од денеска Аквадуктот во Скопје го доби заслужениот највисок степен на заштита на културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.“, напиша Стефоска.