Ако зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус продолжи со сегашната стапка, Белгија ќе забележи повеќе од 10.000 нови инфекции на ден до крајот на оваа недела, предупреди денеска белгискиот национален центар за кризи.
Рекордот за бројот на новозаразени беше достигнат на 7 октомври, кога беа регистрирани повеќе од 6.500 случаи во земјата со 11,5 милиони жители.
Во моментов, бројот на нови инфекции се удвојува на секои осум дена. Ако продолжи овој тренд, ќе видиме денови со повеќе од 10.000 нови инфекции до крајот на оваа недела – вели епидемиологот Стивен ван де Гухт.
Во моментов Белгија е на второ место во Европа според бројот на нови инфекции на 100.000 жители.
Чешка е предводник на црната листа со 433 нови случаи, а Белгија ги надмина Франција, Шпанија и Холандија со нови 364 инфекции на 100.000.
