Албанија го забранува Тик Ток – дали треба да се забрани и кај нас?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од 1 јануари во Албанија ќе се забрани тикток, соопшти премиерот Еди Рама. Дали треба да се забрани и во нашата земја? Да видиме што мислат граѓаните?“, вели репортерката на ТВ21.

Дали сметате дека треба да се забрани ТикТок и во нашава земја како што се случи во Албанија?

„Ако се забрани тогаш нека се затворат сите социјални мрежи не само ТикТок, бидејќи тоа ќе значи цензура, затоа не треба да се забрани туку треба да постојат одредени правила, или да се затворат сите или да се остават сите или да се знае до каде можат да се користат тие мрежи“.

„Мислам дека ТикТок треба да се забрани, имајќи предвид дека се злоупотребува и нема целосна контрола од родителите и мислам дека е подобро да се затвори“.

„Кај нас власта во моментов не размислува за забрана на Тик-ток или било која друга социјална мрежа. Пред десетина дена, кога неколку деца беа повредени откако се прошири т.н предизвик „Супермен“, рече дека би било подобро да се работи да едукација на децата, а не да се укинуваат социјални мрежи“.

„Имам чувство, да не ме сфатат погрешно, дека имаме недостаток на воспитување на младата генерација и заради тоа ни се случуваат овие работи. Социјалните медиуми се само платформа за споделување на овие информации, но информациите потекнуваат од младите од децата и од недостаток на востпивување од родителите“, вели Стефан Андоновски.

Инаку Албанија е првата земја од регионов која го забранува ТикТок откако премиерот Еди Рама директно ги обвини социјалните мрежи за поделба и поттикнување насилство меѓу децата во и надвор од училиштата, кулминирајќи со смртта на 14 годишното момче во ноември.