Албанија на 15-ти октомври отвора поглавје и со тоа се одвојува од Македонија на патот кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорите на земјите од ЕУ денеска едногласно одлучиле да почнат преговори за членство со Албанија, потврдуваат за ТВ21 новинари дописници во Брисел.

Според информациите, тоа ќе се случи на 15 октомври во Луксембург, во рамките на Меѓувладината конференција „ЕУ-Албанија“. Тогаш ќе се отвори поглавјето Основни прашања.

Денешната одлука во пракса значи одвојување на Албанија и Република Северна Македонија.

Македонија не ги исполни своите обврски предвидени во преговарачката рамка. Меѓу нив е и вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот.

Бугарски медиуми пак пишуваат дека Македонија воопшто не била на дневен ред на средбата на амбасадорите. Додека Грција забележала дека Албанија ги решила споровите со неа. И затоа е одлучено да почнат преговори со Тирана.