Албанија пред ново заострување на мерките и продолжување на времетраењето на полицискиот час

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 По повеќедневниот зголемен број на новозаразени, што надминува илјада случаи и високиот број на хоспитлизирани, што услови отворање во Елбасан на третата регионална ковид болница, Албанија е пред ново заострување на мерките и продолжување на времетраењето на полицискиот час.

За тоа одлука денеска треба да донесе Комитетот на експерти, а се дознава дека полицскиот час ќе биде зголемен за два часа и тоа од 18 до 6 часот.

Полицискиот час во земјата повторно беше воведен на 11 ноември и тоа од 22  до 6 часот наутро, а поради влошената епидемилошка состојба на 10 овој месец времетраењето беше зголемо и тој почнува во 20 часот.

Индиректна најава за тоа е денешната објава на министерката за здравство Огерта Манстирлиу, во која таа искажува прзнание за белите мантили за нивната пожртвуваност и побара поголема солидарност од граѓаните.

„Благодарност за пожртвуваноста, трпеливоста и посветеноста на целиот медицински персонал што е на првата борбена линија со Ковид-19. Тешкиот период низ кој минуваме не повикува на поголема солидарност, да им пружиме рака на лекарите и медицинските сестри насекаде во Албанија, почитувајќи ги анти-ковид правила за да се скинат што повеќе алки од синџирот на инфекции“, напиша Манастирлиу.