Албанската полиција заплени поголемо количество хероин и марихуана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската полиција на граничните премини Какавија со Грција и на Морина со Косово заплени хероин и мархуана, кои требало да бидат прошвецувани во соседните земји.

На преминот Какавија, кај јужниот град Ѓирокастро, при контрола на камион откриени се 15 килограми хероин, а уапсен е 63-годишен жител на Елбасан.

– Врз основа на анализата за ризик направена од граничната полиција и размена на информации со структурите на полицскиот комесаријат од Ѓирокастро, во рамките на полициската акција под кодно име „Координација“, на излез, на контрола во втората линија, открени и запленети се 15 килограм хероин, чија крајна дестинација бил грчкиот нарко пазар, соопшти полцијата.

На север пак, на преминот Морина, уапсени се две момчиња од Косово на возраст од 24 и 25 години, во чиј автомобил полицијата открила поголемо количество марихуана.

Дрогата била открена по детална контрола, на излез од албанска територија, откако граничната полиција се посомневала поради вознемиреноста кај нив.