Албанскиот јазик не е официјален, се употребува по желба, професорот Мурати вели дека Албанците не се ни државотворен народ во РСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На меѓународниот ден на мајчиниот јазик, универзитетскиот професор Џељадин Мурати оценува дека албанскиот јазик не е официјален јазик во Северна Македонија и затоа глупост е да очекуваме негова службена употреба во државните институции. Мурати рече дека независно од тоа што законот е на сила, институциите го користат според нивна желба.

„Албанскиот јазик не е официјален јазик во Северна Македонија. Албанскиот јазик е во службена употреба според желба, кој сака да го употребува. Албанскиот јазик не постои во У ставот на РСМ, постои како јазик на 20%. Трето, Албанците не се државотворен народ на државата Македонија, чиј статус го избира и прашањето за јазикот. Концептот на службена употреба на албанскиот јазик не е совршен бидејќи членовите за законот не с е совршени и не се концизни, вели Мурати.


И според заменик министерот за образование и наука, Љуљзим Алиу, албанскиот јазик во РСМ е унапреден но не и официјализиран.


„Моето мислење беше јавно и транспарентно многу порано дека албанскиот јазик е унапреден во голема мерка, но не е официјализиран на државно ниво. Како што спомна и директорот , во тие институции или населени места каде што се над 20%, таму е службен“, вели Алиу.


Поинаку мисли директорот на Агенцијата за употреба на јазиците, Иљбер Села.


„Законот јасно кажува, албанскиот јазик освен македонскиот, службен јазик во Република Северна Македонија е и албанскиот јазик таму каде што Албанците се над 20%“, вели Села.


Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за почитување на албанскиот јазик, вели дека откако се лиценцирани инспекторите, спроведени се 23 инспекции и тоа 16 редовни и 7 по пријава од граѓани.

„При инспекциите имаме констатирано и имаме усвоени решенија со забелешки, тие институции се МОН, Министерството за земјоделство, Министерството за труд и социјална работа, Министерството за локална самоуправа, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и Водовод и Канализација Скопје“, рече Исени.


Секоја институција што е задолжена да го спроведува законот за албански јазик, треба да ги исполнува задачите и задолженијата што ги има, вели Џељал Хоџиќ, заменик директор на Агенцијата за правата на малцинствата.



Постојат општини кои на нивната веб страна имаат службени јазици на повеќе етнички заедници, но во пракса поради недостиг на средства, преведувачи, тоа секогаш останува некаде по лавиринтите.


Инспекторите веќе 2 месеца имаат лиценци, а секој ден излегуваат на терен, вели Исени. Институциите кои во целост го почитуваат законот за јазици се Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за хартии од вредност, ДИК и Антикорупциска комисија.