Осминафиналиња на СП 2026: Бразил против Норвешка, Мексико го пречекува фаворитот Англија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва и по полноќ продолжуваат возбудувањата на Светското првенство 2026 со два атрактивни натпревари од осминафиналето, по кои ќе бидат познати уште двајца четвртфиналисти.

Во првиот меч, кој започнува во 22:00 часот по македонско време, петкратниот светски шампион Бразил ќе се соочи со Норвешка. Бразилците важат за фаворити, но норвешката репрезентација, предводена од Ерлинг Халанд, досега покажа дека може да биде незгоден противник за секого.

Втората пресметка е закажана за 02:00 часот по полноќ, кога домаќинот Мексико ќе ги одмери силите со Англија на стадионот „Ацтека“. Мексиканците се непоразени и без примен гол на турнирот, додека Англичаните по драматичниот триумф над ДР Конго ќе се обидат да обезбедат место меѓу осумте најдобри селекции.

Победниците од двата натпревари ќе се сретнат во четвртфиналето на Светското првенство.