Драган Спасов Дац и Александар Митевски направија интересна преработна на познатиот хит „Bella Ciao“.
Тие велат дека верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов.
Спотот е снимен во карантин, односно во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла. Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа.
Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински” online настапи на Фејсбук.
