Алијанса/Алтернатива го подготвија законот – се очекува до понеделник да биде доставен во Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Текстот на законот за државјанство е подготвен. Се очекува во понеделник албанската опозиција да го достави до координаторите на парламентарната група на мнозинството за да го разгледаат. Ељми Азири од коалицијата Алијанса/Алтернатива не откри многу детали за законот бидејќи е во фаза на усогласување.

„Ние како коалиција ја завршивме нашата работа, ја завршивме конечната драфт верзија на предлог законот и ќе ја доставиме до парламентарната група на владиното мнозинство“, истакна Ељми Азири.

Но премиерот Заев рече дека законот треба да се достави до МВР за да го разгледаат експертите.

Азири рече дека на законот  појдовното прашање му е во Собрание и од таа причина и ќе се достави таму а потоа останатиот дел е обврска на парламентарното мнозинство.

„Ние како пратеници го доставуваме во Собрание во работните групи со кои сме работеле. Потоа е нивна обврска да го процесираат. Вистина е дека МВР е матична институција која се занимава со процесирање на државјанствата и претпоставувам дека од тука произлегува изјавата на премиерот Заев“, посочи Ељми Азири.

Азири рече дека сега наместо тројца сведоци како што предложија, како доказ да бидат 15 документи од кои граѓанинот доволно е да поседува само еден и тој да важи како доказ да добие државјанство.

„Тука спаѓаат извод од книга на родени, сметки за електрична енергија, за вода, свидетелства од основно училиште, значи 15 документи и доколку поседува еден од нив доволно е како доказ за да  добие државјанство. Ова е во рамки на договорот што го имаме“, додава Ељми Азири.

Откако страните ќе го разгледаат законот, се очекува да се одржи средба меѓу Села, Гаши и премиерот Заев, за да се запечати ова прашање.