Променливо облачно со дожд за Божиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до  14 степени.