Алијанса/Алтернатива со платформа – „Презентирајте го проблемот, стекнете право на државјанство“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Shtetesia.mk е платформа на која граѓаните ќе имаат можност да го презентираат нивниот проблем за добивање државјанство. Овaа онлајн платформа ја претставија Алијанса за Албанците и Алтернатива, коалиција која и во Собрание го предложи Законот за државјанство.

Лидерот на АА, Зијадин Села, рече дека како последица на сегашниот закон, многу лица останале без државјанство а притоа им е оневозможено да се вработат.

„Ова треба да биде дополнителен елемент за оние лица кои немале право да конкурираат на пазарот на трудот, и се поставува прашањето дали следува барем пензија на еден дедо или баба на кои и да им дадеш сега државјанство не можат да конкурираат на пазарот на трудот“, истакна Зијадин Села.

Лидерот на Алтернатива рече дека над 95% на лицата на кои им се негира правото на државјанство се родени во Македонија.

„Нашата мака е да го реализираме основното право на граѓаните на оваа земја, да добијат државјанство оние лица на кои државата им го оневозможила тоа. Нашата идеја се основа на човекови права, а со тоа лицата кои се родиле овде ги исполнуваат условите за државјанство. Над 95% од нив, според нашите податоци се родени тука“, посочи Африм Гаши.

Како што беше претставено, податоците кои ќе се собираат, од оваа платформа, од граѓаните кои имаат проблем со добивањето на државјанство, ќе служат како основа за дебата и одобрување на измените на сегашниот Закон за државјанство, со кои се бара олеснување на процедурата за добивање државјанство.