Алијанса „фрли око“ на парите на Беса – Таравари: На Беса не и припаѓаат изборните одбори и рекламните минути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако СДСМ и Движење Беса се во коалиција, АА бара на нив да им припаднат членовите на избирачките одбори, а не на Движење Беса.

„Вие знаете дека СДСМ и Движење Беса се заедно. Не може една коалиција да има двајца члена во избирачки одбори и тоа е логично. Невозможно е, парадоксално е коалицијата СДСМ – Беса да има двајца членови во избирачките одбори. Логично е да имаат еден член таму, членот кој и припаѓа на Беса веќе и припаѓа на коалицијата АА – Алтернатива“, истакна Арбен Таравари.

Генералниот секретар на АА исто така се надева дека неговата партија нема да остане дел од 10% за ТВ реклами, а четирите други партии, ДПМНЕ-ДУИ-СДСМ и Беса да добијат 90% од предвидените средства.

„Нема да се стави во тие 10%, се надеваме и ветено ни е и од наши пријатели и од ДИК. Но, и кога разговаравме со експерти, ни рекоа дека во овој период и нам ни припаѓа, бидејќи како што реков, Беса веќе е во коалиција со СДСМ, не е сама како партија. Ако беше сама апсолутно се согласувам со вас, да излезеше на избори сама, така ќе беше“, додава Таравари.

Сето ова Таравари го поткрепи и со една изјава пред неколку дена од претседателот на ДИК, Оливер Дерковски кој изјави дека најверојатно четвртиот член ќе и припадне на Алијанса. Меѓутоа претседателот на ДИК денеска повоздржан во своите изјаво.

„Сега за сега, додека не ги добиеме официјалните кандидатски листи не можеме да зборуваме за ништо бидејќи не знаеме од кого и за кого ќе добиеме такви листи“, вели Оливер Деркоски.

Од свои извори ТВ21 го обезбеди барањето кое во понеделникот ДИК им го испрати на Беса за пријавување на членовите и замениците за избирачките одбори. Исто такво барање е испратено и до четирите други партии.

„Четирите партии се СДСМ, ДУИ, Беса и ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Дитмире Шеху.

Слично за избирачките е одбори ни го кажа и членот на ДИК предложен од Беса, Енвер Салихи. Тој исто така објасни за ТВ21 дека СДСМ и Беса за предизборната кампања ќе имаат заедничка сметка но посебен тв рекламен простор, значи од вкупно 90% од средствата, 45% ќе делат СДСМ и ДУИ како партии на власт и 45% ќе делат ДПМНЕ и Беса како опозициски партии, како што е предвидено со закон.