Бидејќи ситуацијата создадена од пандемијата COVID 19 е комплексна ситуација која бара максимална посветеност за надминување на истата со неколку здравствени и економски последици. Затоа, Алијансата за Албанците, заедно со експерти од различни области во рамките на партијата, предлагаат неколку мерки за борба против оваа болест:
1. Реорганизација на одделите за заразни болести со поголеми капацитети за апсорпција на пациенти со КОВИД-19 адаптирајќи ги и другите оддели во клиничките болници во Тетово и Штип, каде би се лекувале сериозни случаи на кои исто така им е потребна помошна вентилација со респиратор.
2. Обука на медицински персонал за употреба на респиратори, што би требало да започне итно од следната недела.
3. Набавка на брзи тестови и масовно тестирање во сите градови врз основа на најновите препораки на СЗО на следниов начин:
- 1.Тестирање
- 2.Тестирање
- 3.Тестирање
- 4.Идентификација
- 5.Изолација
- 6.Третман
4. Повик за вклучување на професионалци кои се невработени и сакаат да помогнат. Да се направат готови списоци и во случај на потреба да се вклучат
5. Итно и без да се губи време да се зголемат мерките за заштита на медицинскиот персонал со обезбедување основни средства за нивна заштита.
