Алиу ја критикува опозицијата за Јовески – Зендели: Не го разбирам Алиу, АА во опозиција беше против криминалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во Клик Плус како дневна политика ја оцени интерпелацијата на албанската опозиција за разрешувањето на главниот обвинител Љубомир Јовески. Според него, неговото разрешување не е логично бидејќи сега му завршува мандатот на Јовески.

„Сметам дека е нелогично три недели пред Јовески да се пензионира“, вели Алиу.

ТВ21: За шпекулира како уставен судија..

Алиу: Јас не го познавам кој е, но знам дека направил злоупотреби, имам слушнато. Каде беа господата пред година и пол кога ние како опозиционери го кренавме гласот да ни се придружат и да бараме Јовески да оди кај што треба, како и другите. Едноставно, ваквиот пристап на креирање дневни политики не е здрав ниту за нас како Албанци, ниту за народот.

Но, за пратеникот на Движењето Беса, Фадил Зендели, овие изјави се бесмислени. Според него, неодговорното работење или неработење на Јовески не треба да остане неказнето само затоа што е на прагот на пензија.

„Не можам да ги разберам изјавите на еден политички субјект кој ко га беше во опозиција цело време зборуваше токму за борбата против корупцијата и организираниот криминал. Сега, кога има иницијатива против личност кој треба да биде најголемиот борец во битката против криминалот и корупцијата, како што е државниот јавен обвинител, ж му завршува мандатот и не треба да одговара за неговите постапки или непостапувањето“, вели Зендели.

Зендели се сомнева дека овие јавни личности најверојатно добиле некаква услуга од главниот обвинител Јовески и сега не сакаат да се занимаваат со него. Зендели апелира до сите пратеници кои се сомневаат во главниот обвинител Јовески и неговата досегашна работа, да ја поддржат интерпелацијата поднесена до Собранието. Инаку, за интерпелацијата се очекува да се биде ставена како точка на дневниот ред на 2 ноември.