Министерот за здравство, Азир Алиу, вели дека текстот на Законот за заштита од тутун е завршен и дека се очекува истиот да влезе во собраниска процедура за две недели, пренесува ТВ21.
„Го имаме финалниот текст, следната среда имаме завршен состанок со сите засегнати страни, по кој ќе продолжи административната постапка на ниво на Влада, со цел за две недели законот да влезе во процедура во Собранието“, изјави Алиу.
