Амбасадорот Жбогар посочи три начини според кои ЕУ ќе и помогне на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар ексклузивно во дебатниот магазин „EU Click“ на ТВ21 ги посочи трите начини според кои Европската унија ќе и помогне на Македонија во справувањето со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

„Европската унија се покажа како ваш најголем сојузник и партнер, затоа што тоа треба така да биде. Ние ви помагаме на мултидимензионален начин, ако можам да кажам така. Прво ви помагаме да се справите со вирусот, да го спречите вирусот. Второ, помагаме во економските последици од оваа криза и трето, ќе помогнеме и во фискалните проблеми што се појавуваат во вашиот буџет “, истакна Жбогар.