Вакцинираните лица можат да се збогуваат со маските и да продолжат нормално со своите секојдневни активности. Не треба да држат дистанца и да носат заштитна опрема на отворено и затворено. Оваа одлука ја донесе директорката на Центрите за контрола и спречување на болести во САД, Рошел Валенски. Меѓутоа, ваква олеснителна мерка не важи и за граѓаните на Северна Македонија. Иако 30 илјади граѓани примиле две дози од некоја од анти-ковид вакцините, сепак треба да продолжат да носат маски. Министерот за здравство, Венко Филипче, со став дека е рано укинување на маските.
Филипче извести дека в понеделник ќе заседава Комисијата за заразни болести која ќе дискутира околу превентивните мерки за Ковид-19. Меѓу другото, експертите ќе ги разгледаат и барањата на угостителите – на една маса да можат да седат повеќе од четворица и да има жива музика.
Инаку, досега во земјава се вакцинирале околу 150 илјади граѓани. Денеска ќе пристигнат 40 илјади дози на „Астра Зенека“ преку ковакс-механизмот, а утре пак се очекуваат уште 100 илјади дози на „Синофарм“, донација од кинеската Армија. Новите мерки кои Владата ги усвои во вторникот, ќе важат до 18 мај.
