Aмериканска авиокомпанија ги приземји сите свои летови во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американ ерлајнс во вторникот ги приземји сите свои летови во САД поради „технички проблем“. Компанијата не ја наведе причината за прекинот на сите летови. Бројни патници објавија на социјалните мрежи дека нивните авиони се заглавени на пистите на различни аеродроми, објави Ројтерс .

Ова заземјување ги наруши плановите на десетици илјади луѓе кои требаше да патуваат на католички Бадник, пренесоа американските медиуми.

– Проблемот се решава во најбрз можен рок – велат од компанијата.