Американската амбасада во Бејрут ги повикува оние што се во областа на експлозијата да „останат во затворено и да носат маски доколку се достапни“, како резултат на извештаите за токсични гасови ослободени од експлозијата.
По експлозијата излезе предупредување за безбедност од амбасадата.
ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:
- ВИДЕО: Снимка направена од очевидец ја покажува големината на експлозијата во Бејрут
- ФОТО: Еве како изгледа седиштето на либанскиот премиер по експлозијата
- „Нема причина да не веруваме дека експлозијата во Бејрут била несреќа“, вели МНР на Израел
- ? [ВО ЖИВО] Експлозија во фабрика за огномет во Бејрут – голем број повредени и разрушени објекти
„Има извештаи за отровни гасови ослободени во експлозијата, така што сите во околината треба да останат во затворено и да имаат маски доколку се достапни“, предупреди амбасадата.
Амбасадата исто така ги повика американските граѓани во погодените области да „контактираат директно со своите најблиски и / или да го ажурираат статусот на социјалните медиуми“.
