Министерот за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази ги негираше сите вести дека Израел можеби бил одговорен за експлозијата во Бејрут.
Говорејќи на Вести на Канал 12 во Израел, тој рече дека „нема причина да не веруваме во извештаите од Бејрут дека станува збор за несреќа“.
Си-Ен-Ен разговараше и со двајца владини претставници, кои двајцата го потврдија истото.
„Израел немаше никаква врска со инцидентот“, рече еден од официјалните лица.
Претседател на Советот на ЕУ пред народот во Либан: „Остани силен“
Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел, на Твитер ја изрази својата поддршка за луѓето од Либан и семејствата на жртвите од експлозијата што го потресе Бејрут.
„Остани силен“, напиша Мишел.
ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:
- Најмалку 10 жртви, 400 повредени – експлозијата се почувствувала на 240 километри од Бејрут
- По експлозиите во Бејрут: голем број повредени, причината непозната, ефекти се чувствувале на километри…
- ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимен моментот на експлозијата во Бејрут
- Војската излегува на улиците по наредба на либанскиот претседател – прогласен ден на жалост по експлозијата во Бејрут
- ? [ВО ЖИВО] Експлозија во фабрика за огномет во Бејрут – голем број повредени и разрушени објекти
Еве каде се случи експлозијата
Силната експлозија го потресе главниот град на Либан, Бејрут во вторникот навечер.
Експлозијата се чини дека е во центарот на пристаништето во градот. Причината за експлозијата се уште е нејасна.

