Американските власти ќе собираат податоци за патници од jужна Африка поради Омикрон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американските власти им наредија на авиокомпаниите да ги предадат податоците за патниците кои неодамна биле во осум јужноафрикански држави и ќе ги предадат на локалните и државните здравствени агенции.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги побарале од авиокомпаниите имињата и деталите за контакт на секој патник што бил во Боцвана, Есватини, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Јужна Африка или Зимбабве во минатите 14 дена, повикувајќи се на појавата на Омикрон.

– ЦДЦ ќе ги предаде податоците за контакти на тие патници на релевантните државни и локални власти за јавно здравје со цел потенцијален надзор на јавното здравје, што може да вклучува препораки за тестирање, карантин и изолација, им порача ЦДЦ на авиокомпаниите.

ЦДЦ од 8 ноември побара од сите авиокомпании да собираат податоци од сите патници на меѓународни линии, но не бараше доставување имиња на патници.