АМСМ известува на кои делници во Македонија се изведуваат градежни работи.
Поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег Свети Николе до постојана клучка Кадрифаково, со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: – од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, – и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Во периодот од 10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски.
