На граничниот премин Табановце, чекањето за влез во Македонија е околу 30 минути, додека на ГП Богородица, чекањето за излез од земјата е околу еден час , соопшти АМСМ.
На другите гранични премини од македонска страна, повеќе нема долги чекања за влез или излез од земјата, велат од АМСМ.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.
На возачите им се препорачува да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на патните правци Катланово – Велес , Маврово – Дебар – Струга , Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што постои можност за одрони.
