Анализа на Бизнис21: Има ли механизми да се заштитат граѓаните од моќни компании кои ја рушат конкуренцијата и ги местат цените?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелски здружувања – кај ланци на маркети и една Стопанска комора, но и кај 10 осигурителни компании.

Постапката за разоткривање и докажување ќе биде долга- ако се докаже, компаниите ќе платат казни кои ќе се слеат во буџетот.  Државниот пазарен инспекторат затвора и казнува ланци на маркети и дистрибутери со храна кои не ги почитувале владините мерки за ограничени маржи и цени…Казните ќе се слеат во буџетот.. „Клуч на врата“ и казни за маркети и увозници – околу 70 правни субјекти имале незаконско високи маржи, осум се затворени

Но, кој ќе ги обештети граѓаните – од грабежот наречен високи цени кој трае со години?! Има ли правен основ како парите од штетите, да се вратат назад во џебот на граѓаните!

Анализата на Бизнис 21 покажува дека доколку хипотетички се докажат картелските здружувања и дека потрошувачите се оштетени од одредени компании –правенa регулатива за колективна тужба нема. Тоа значи дека секој поединец, ќе треба сам да се бори и да ја докажува правдата. А, притоа покрај високите судски трошоци за покренување постапка, ќе мора да има и докази, односно да ги чува фискалните сметки за да ја докаже штетата и побарувањето.

Целата анализа во продолжение: