Јавниот долг на Северна Македонија е еден од клучните индикатори за економската состојба на земјата. Во последните две децении, јавниот долг доживеал значителен раст, што е поврзано со различни фактори, како што се економските кризи, задолжувањето за финансирање на инфраструктурни проекти и управувањето со буџетскиот дефицит.
Токму затоа, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 анализираме како растеше јавниот долг во изминативе 20 години.
Податоците велат дека секој Македонец или над 1.800.000 колку што ги преброи Државниот завод за статистика, па дури и тукушто родените бебиња во моментов должат 5.300 евра.
Едно четиричлено домаќинство пак должи над 21 илјади евра, но не во банки, туку толку го задолжила државата преку прекумерните трошења за кои сме немале покритие.
Целата анализа во продолжение: