Андоновски: Отвораме Владин центар за сајбер инциденти – ќе можеме во реално време да гледаме што се случува во сајбер безбедноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, тој информираше дека за овој проект се обезбедени значајни финансиски средства, дел од нив од Европската Унија.

„Средства од ЕУ и наши средства 1,5 милион евра вложивме за отворање на Владин центар со одговор на сајбер инциденти кој ќе го отвориме… Ќе треба реално да гледаме што се случува во сајбер безбедноста“, изјави Андоновски.

Со овој центар, како што најави министерот, институциите ќе имаат подобар капацитет за справување со сајбер заканите и инцидентите, кои во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.