Андреј Стојаноски ја претстави Македонија на 24-те Олимписки игри

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 24-те Олимписки игри за глуви кои се одржаа во Calxas do Sul, Бразил, од 2-ри до 9-ти мај 2022 година, настапија најдобрите глувонеми пливачи од 30 земји.

Во одбраното друштво помеѓу Јапонија, Франција, САД, Бразил, Италија, Германија, Шпанија, Унгарија, Шведска, Грција, нашата држава и Националната Спортска Федерација за Глуви, ја претставуваа пливачот Андреј Стојановски, селекторот Методија Ангелески и Тим лидерот Тони Русовски.

На првенството, Андреј Стојановски настапи на пет трки.

-Во трката на 400м слободно, Андреј се пласираше како осми во финале каде што освои осмо место и постигна време 4:21.27

-На 400м мешано, се квалификуваше во финале со второ, а трката ја заврши на четврто место со време 4:57,15

-На 100м градно, се пласираше како четврти во финале и истото го заврши со четврто место со време 1:08,72

-На 200м мешано, Андреј се квалификуваше како седми во финале, а трката ја заврши со четврто место со време 2:16,61

-На 200м слободен стил, се пласираше како 7-ми во финале, каде што исто се пласираше на седмо место со време 2:01,27

Андреј уште еднаш докажа со своите резултати дека припаѓа на кремот на светското пливање достоинствено претставувајќи ја Македонија на големите натпреварувања