Андреј Жерновски ќе биде директор на ЈП за Железничка инфраструктура, Јани Макрадули ќе раководи со ЈП Македонски пошти?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 дознава дека екс градоначалникот на општина Центар, и поранешен заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе биде директор на ЈП за Желзничка инфраструктура.

Во моментов со претпријатието раководи Фестим Халили, кадар на ДУИ.

Се очекува следните недели Владата да го предложи на УО, а потоа Жерновски да биде избран за нов директор на МЖ инфраструктура.

Уште еден заменик министер од минатата влада ќе биде директор на ЈП. Станува збор за Јани Макрадули, кој што беше заменик министер за животна средина, и поранешен потпретседател на Собранието, кој во иднина ќе раководи со ЈП Македонски Пошти.

Досегашаниот директор на ова претипријатие, Ејуп Рустеми, во иднина ќе раководи со ЈП државни патишта.