Ангелов: Четири хеликоптери непрекинато учествуваат во гаснење на голем шумски пожар, во 14 часот ќе почне да дејствува и романскиот авион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов со најнов „рапорт“ од терен околу гасењето на пожарите во пехчевско и беровско. Ангелов кажа дека два македонски и два српски хеликоптери непрекинато учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар, но и дека сега во близина е поставена цистерна со керозин, за да се полни гориво на лице место, односно да се скрати времето на летање и истите да не одат до Скопје.

„Два македонски и два српски хеликоптери непрекинато, почнувајќи од раните утрински часови, учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во реонот на пехчевската и беровската оштина.
За да се зголеми нивната ефикасност, во близина на местото на кое гаснат, поставивме цистерна со керозин и сега наместо да летаат до Скопје за да наполнат гориво полнат до самото место на гаснење со што времето за полнење на гориво е драстично скратено и можат да се направат значително повеќе летови.

Воедно во и до коритото на реката Брегалница се врши ископ на поголем земјен базен од кој ќе може да се црпи вода со што дополнително е скратено времето на интервенција.

Во овој момент пожарот е под делумна контрола но високата температура. сувата вегетација и силниот ветер можат да ја променат состојбата во секој момент.

Околу 14.00 часот на оваа локација ќе дејствува и романскиот авион чија носивост е околу 6 тони вода за разлика од нашите хеликоптери чија носивост е 2 тона или српските чија носивост е до 1,2 тона.“,