Ангелов: Осудените за 27 април не се терористи, не верувам дека ќе има амнестија за убијците од „Диво Насеље“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стојанче Ангелов ги коментираше најавите дека во новата коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ќе има и ослободување на осудените од 27 Април, и случаите Монструм и Алфа.

„За 27 април имаме луѓе кои треба да одговараат за обично насилсктво, но не за тероризам. Во 2018 повикав да се отвори шриока дебата. Тие луѓе се се, само не терористи. Ако ние како држава ги амнестиравме кои убиваа македонски бранители, зошто не би ги ослобиле оние кои влечеле за коси или удриле бокс на пратеник. Не ги оправдувам, треба да одговараат, но не за тероризам“, изјави Ангелов.

Потоа Ангелов зборуваше и за Диво Насеље.

„Не верувам дека некој ќе амнестира терористи од Диво Насеље, кои убиле македонски полицајци. Зборуваме за терористички упад во државата, и убивање на полицајци. Како држава положивме голем тест, затоа што терористите не добија поддршка, а албанските полицајци не се повлекоа, и од тогаш па наваму има голема доверба меѓу специјалците“, изјави Ангелов.