Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка во Северна Македонија, Ивета Хрицова.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка и поддршката на процесите кои го промовираат дијалогот меѓу заедниците, еднаквоста и социјалната инклузија.
Министерот Ферати и амбасадорката Хрицова ја оценија важноста на размената на искуства во спроведувањето на европските стандарди и зајакнувањето на институциите кои придонесуваат за општествената кохезија.
Беше истакната подготвеноста за интензивирање на соработката во области од заеднички интерес, вклучително и развојот на институционалните капацитети, поддршката на проекти кои промовираат толеранција и различност, како и соработката во рамки на процесот на европска интеграција на Северна Македонија.
Двете страни изразија уверување дека добрите односи меѓу двете земји создаваат силна основа за нови иницијативи во интерес на граѓаните.
