Ангелов: По неколкучасовно гаснење со специјална пена пожарникарите успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повеќечасовна интервенција со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на депонијата кај Арачиново.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека и покрај тоа што огнените јазици се ставени под контрола, на терен сè уште може да се забележи чадење од неколку места.

Ангелов синоќа кажа дека пожарот е намерно запален со сончоглед.