Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа како гледа на најавената прослава за Рамковниот Договор на која ќе се потрошат околу 500 илјади евра со оглед на тоа дека претходно канадерите кои треба да гасат пожари не биле сервисирани за 400 илјади евра, истакна дека треба да се направи прошетка низ Центарот на Скопје и да се погледне колку пожарникарски возила се претворени во споменици.
„Се надевам дека овој пат лекцијата е научена и некои работи брзо ќе бидат променети“, посочи Ангелов.
