Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, изрази проамерикански ставови во врска со ситуацијата на Блискиот Исток, оправдувајќи ги американските напади врз Иран.
Ангелов истакна дека, според неговото гледиште, иранскиот режим е суров кон своите граѓани и има обезбедено значителни количини на ракети, како и напредна подготовка за нуклеарно вооружување.
„Замислете кога една таква власт како иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел, а времето ќе покаже што сè поседува Иран од вооружување. Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг дострел“, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.
Според Ангелов, ситуацијата на Блискиот Исток бара разбирање на мотивите на САД и Израел, како и сериозен пристап кон глобалната безбедност.
