Ангеловски: Победата е за едно момче кое лежи во кревет, Енис Барди!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на прес конференцијата по мечот, во целата еуфорија се сети и на оние кои вечерва не можеа да настапат од разни причини, а во текот на претходниот период придонеле многу за овој историски успех.

„Покрај овие момци овде што се, има едно момче што лежи во кревет, Енис Барди. Има момци кои беа позитивни, Kрсте, Kире, Дамјан, Буба и останатите кои имаа заслуга за успехот што го постигнавме. И тие се заслужни за ова што го постигнавме и затоа им благодарам“, изјави Ангеловски.

Инаку, Барди имаше повреда и не можеше да настапи вечерва.

Останатите добија позитивен тест на Ковид 19, па поради тоа го пропуштија финалниот натпревар од плеј офот од Лигата на нации против Грузија.