Англиска борба за трофејот во ЛШ: Челзи преку Реал Мадрид обезбеди финале

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Трофејот во Лигата на шампионите ќе замине во Англија. Тоа е јасно откако на 29. мај во Истанбул, ќе имаме англиско финале. Челзи вечерва го совлада Реал Мадрид со 2:0 во реваншот, и со вкупни 3:1 се пласираше во своето трето финале во историјата.

Челзи поведе со голот на Вернер во 28. минута. Англискиот тим продолжи со нападите, и можеше да постигне барем уште два гола, еднаш ја погоди и пречката. Сите дилеми ги реши погодокот на Маунт во 85. минута, по асистенција на Кристијан Пулишиќ.

Во двата натпревари Челзи беше далеку подобар противник од „кралевите“ и заслужено се пласираше во финале.

Томас Тухел со тоа стана уникатен тренер, со две финалиња по ред со два различни тима, и тоа е единствениот на кој му му успеало тоа.

Синоќа Манчестер Сити го совлада тимот на ПСЖ со 2:0 и се пласираше во финале. За Сити ова ќе биде прво финале. Челзи има еден трофеј во ЛШ во 2012 година кога го совлада Баерн Минхен.