Државната комисија за спречувње на корупција поднесе иницијатива за кривично гонење на Сања Лукаревска, доскорашна директорка на Управата за јавни приходи.
Актуелната директорка на УЈП Петрова ја обвини Лукаревска дека донела незаконски одлуки со кои создала хаос во институцијата.
Лукаревска во изјава за ТВ21 вчера рече дека не работела незаконски.
Од ДКСК потврдија дека иницијативата е за кривично дело „несовесно работење во службата“.
„Постапувајќи по предмет оформен по пријава со наводи за прекршување на законските одредби во изборен процес во Управата за јавни приходи, со донесување на решенија за распоредување на вработени и склучени нови договори за вработување за 978 вработени во Управата за јавни приходи“, наведуваат во пријавата од ДКСК.
