„Антикоцкање“ со барање до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги штити игрите на среќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Движењето Антикокоцкање оваа пирамида ја постави за да испрати порака дека коцкањето им нанесува голема несреќа на семејствата и општеството.

Од таму велат дека сопствениците на игрите на среќа ги злоупотребуваат вработените и само ги штитат своите милиони заработени од комарот. Испратија дури и порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„На амбасадорите на европските држави им порачуваме да не ни ја убиваат нашата причина за живот бидејќи и ние заслужуваме живот и прашуваме дали треба да се жртвуваме за нивен профит? Време е да преземете индивидуална одговорност за настанатата ситуација, правете разлика меѓу класично пљачкање што им се прави на граѓаните и индустријата на комарот, натерајте ги да се дислоцираат подалеку од образовни објекти, градинки и верски објекти. Му порачувам на г. Мицкоски и неговите истомисленици дека за секој евентуален неуспех вие ќе бидете главен виновник за епитетот држава на коцкањето“, вели Јуши Емрулаи.

реклама

Од ова движење велат дека доколку законот помине во Собрание тогаш ќе преземат други мерки.

„Законот ќе помине без разлика на тоа дека не ги исполнува барањата на Движење Антикоцкање. Знаете дека бараме објектите на игри на среќа да бидат преместени 3 километри од населените места и се надеваме дека првиот чекор ќе се спроведе, ако не тогаш нормално дека ќе протестираме, реагираме и се додека сите објекти не бидат преместени нема да престанеме“, вели Џемал Абдиу.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера побара повлекување на Законот за коцкање од собраниската седница и отстранување на европското знаме од него. Пратеникот Миле Лефков рече дека се злоупотребува европското знаме бидејќи, како што посочи, измените на законот не се поврзани со усогласување на правната пракса на земјата со онаа на ЕУ. Обвини дека зад овие промени стојат интересите на актуелен вицепремиер, кој сака да си го зголеми богатството.

реклама

Инаку, на линија со ВМРО-ДПМНЕ се и Асоцијацијата на оператори за игра на среќа и Здружението на спортски обложувалници, кои вчера излегоа пред Собранието и порачаа дека измените на законот се скандалозни, противуставни и ќе предизвикаат затворање на обложувалниците, а 10.000 вработени ќе останат на улица. Двете здруженија упатија апел до пратениците да не гласаат за законот, во спротивно најавија протести.

реклама
реклама
реклама