Во владиниот антикризен пакет, деветти по ред, кој тежи 662 милиони евра, се опфатени пензионерите, студентите, ранливи социјални категории, но и земјоделците, административците и компаниите. За сите по малку, во период од седум месеци кој се поклопува со првиот круг и вториот круг на избори, ве тера да се сомневате дека тоа може да биде за купување гласови, оценува економистот Висар Адеми. Според него, помошта на овие категории граѓани е позитивна, но не вклучени сите што требало да бидат.
„Не се неколку вида на граѓани, на пример тие кои беа првично дел од овие мерки, а сега не се. Посебно тие кои се занимаваат со снабдување на синџирот на храна, кои се поголем дел од ранливите граѓани од оваа мерка, второ се луѓето на кои им се дава помош за струја која ќе биде неподнослива зимава“, вели Висар Адеми.
Нема некаква голема економска активност и во изборна година кога нема да има ниту странски ниту локални инвестиции, не знам колку ќе може да се зголемат јавните приходи, вели економистот Адеми. Тој оценува дека мерките ќе ги платат граѓаните, со што ќе се зема заем и јавен долг од финансиските институции, за да се одржи рамнотежа на буџетот.
„Имаме држава која има трикратно зголемување на продажбата на мало, никаква е помошта од 20 евра која се дава на некој ученик или на некое семејство, не може да ја ублажи сиромаштијата или економската состојба на една земја, ова не е трансформативен модел туку трансакциски модел. Еден трансакциски модел, јас земам, ти даваш, но за возврат барам нешто од тебе. За жал, моделот не може да биде трансформативен во изборна година. За жал во овој трансакциски модел најголем губитник е тој што ќе ги плати даноците, ќе и плати и на владата и на корисникот. Со оваа мерка ќе имаме повеќе стегање на ременот, па дури и зголемување на даноците бидејќи овие пари треба да се земат од некаде“, порача Висар Адеми.
Инаку, мерките ќе важат од 1 декември и ќе се опфатат 120.000 млади, над 74.000 социјално ранливи категории, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, близу 540.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600.000 семејства и над 70,00 фирми.
