Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше локалните заедници кои се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци, предупредувајќи дека со тоа ризикуваат да останат „назадни и сиромашни“.
Трамп оцени дека дата-центрите се клучни за развојот на вештачката интелигенција и за американската економија, во услови на глобална трка со Кина.
Потпретседателот Џеј Ди Венс, пак, призна дека изградбата предизвикува незадоволство поради можниот раст на сметките за струја и комуналните услуги.
Тој порача дека компаниите треба, паралелно со дата-центрите, да градат и нови електроцентрали, со цел да обезбедат дополнителна енергија за мрежата.
Прашањето станува и политичка тема пред изборите за Конгресот, бидејќи отпорот кон дата-центрите расте во дел од американските сојузни држави.
„Единствената причина поради која заедниците низ САД не би сакале центри за податоци е ако сакаат да завршат како назадни и сиромашни. Ако сакаат да бидат успешни и богати, со многу пониски даноци и работни места насекаде, нека владеат податоците.
Добрата вест е дека има многу други места кои ги сакаат. Ако ја убиеме кокошката што несе златни јајца, само самите ќе бидете виновни. Кина не би можела да биде посреќна поради ова движење против центрите за податоци. Всушност, не можат да поверуваат дека ова се случува!
