Апасиев: Имам право да не ја примам пописната комисија; Грчева: Кај мене нека не доаѓаат, врата не им отворам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот пратеник Димитар Апасиев најави дека имал право да не ги прими попишувачите, со оглед дека живееме во пандемија. Претседателот на Левица ова го коментираше по денешното изгласување на Законот за попис во Собранието.

„Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“! Значи, јас – по сила на устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус p.s. Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако иам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења“, напиша Апасиев на својот „Фејсбук“.

Истото го најави и Солза Грчева, која порача пописната комисија воопшто да не доаѓа кај неа дома, затоа што врата нема да им отвори.

„Веднаш да и кажам на пописната комисија кај мене да не доаѓа. Врата нема да им отвориме. Нам децата не смеат да ни влезат, не пак некои непознати што шетале од куќа на куќа. Нема шанси!Во пандемија се прават само шверцерски избори и попис.Резултатите нема да се релевантни и при промена на власта ќе се прави нов попис по сите стандарди!“, напиша Грчева на својот „Фејсбук“.