Апелациониот суд во Скопје ја потврди казната доживотен затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, обвинети за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Одлуката на Апелациониот суд ја потврди пресудата на Кривичниот суд во Скопје за четворицата обвинети, кои ќе ја издржуваат казната доживотен затвор.
Во исто време, Апелација ја укина ослободителната одлука за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, и предметот е вратен на повторно судење во Кривичниот суд.
Тој е обвинет за помагање при грабнување, тврдења кои ги негираше во текот на целиот процес.
