Апелацискиот суд пресуди дека глобалните царини на Трамп се нелегални

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот федерален апелационен суд пресуди дека повеќето глобални тарифи што ги наметна претседателот Доналд Трамп врз земјите се нелегални, што потенцијално може да претставува значителен удар врз неговите напори еднострано да ја преобликува трговската политика на земјата, објави денес ABC News.

Апелациониот суд на САД за федералниот округ го отфрли овластувањето на Трамп да ги спроведе повеќето од неговите тарифи, согласувајќи се со понизок суд дека дејствијата на Трамп се „неважечки бидејќи се спротивни на законот“.

Судот ја одложи својата одлука до средината на октомври за да ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да поднесе жалба до Врховниот суд, бидејќи тарифите остануваат на сила.