АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Небото поцрвене од пожарите, повеќе од пола милион луѓе евакуирани (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од пола милион луѓе се евакуирани пред пожарите во природа во американската држава Орегон и ширум североистокот на Пацификот, соопштија властите.

Моментално има десетици жаришта под влијание на суви и топли ветрови, а најмлку еден пожар бил подметнат.

Гувернерот Кејт Браун изјави дека точниот број на настрадани засега не е познат, а досега се потврдени четири жртви.

Апокалиптични фотографии од Орегон каде што небото поцрвене и каде што пожарот уништи стотици домови и протера илјадници луѓе од нивните домови.

Повеќе од 1.000 пожари во моментов горат низ 12 американски држави.