По новинарско прашање околу тоа дека не се примаат пациенти со висока температура и тешки симптоми во болниците, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека оваа информација апсолутно не е точна.
„Апсолутно не е точно дека пациенти не се примаат, тоа не е вистина. Можно е да има чекање, можно е да се префрлаат или да се пренасочат од едно место на друго, но не е точно дека некој пациент не е примен“, порача Филипче.
